Жители на делови од скопските општини Аеродром и Петровец утре, понеделник, 23 ноември, ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа.
Во општина Аеродром прекинот ќе трае од 08:30 до 11:00 часот. Без струја ќе бидат куќите меѓу „Порта Супериум“ и „Алкалоид“ на булеварот „Трета македонска бригада“ бр. 3, куќите зад средното училиште „Димитар Влахов“, како и објектите зад Тутунска банка на булеварот „Трета македонска бригада“ бр. 1, кон паркиралиштето на Македонски железници, и делот зад „Алкалоид“.
Во Катланово, општина Петровец, прекинот е планиран од 08:00 до 15:00 часот. Без електрична енергија ќе останат потрошувачите на улицата „1“.
Причината за прекинот во Катланово е замена на три електрични столба во реонот на Старите Лозја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

















