При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно со член 130 од Законот, извести општина Аеродром.

„За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност! Општина Аеродром продолжува со засилени инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територија на општината.

Апелираме до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции“, велат од Општината.

Текстот „Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!“, порачуваат од општина Аеродром е превземен од МАКФАКС.