Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, е пуштен од интензивна нега, но ќе остане во болница додека не се опорави, изјави доцна синоќа неговиот портпарол Тед Гудман. 81-годишниот Џулијани беше хоспитализиран во критична состојба и се опоравува од пневмонија, рече Гудман.

„Градоначалникот и неговото семејство го ценат изливот на љубов и молитви за него“, додаде тој. Џулијани стана глобална фигура во 2001 година, кога го водеше Њујорк по терористичките напади на Светскиот трговски центар на 11 септември, а неговиот портпарол рече дека во тоа време развил респираторни проблеми.

Тој беше клучен во поддршката на кандидатурата на американскиот претседател Доналд Трамп за Белата куќа во 2016 година, а подоцна стана негов личен адвокат. По претседателските избори во 2020 година, Џулијани и други советници патуваа низ земјата, изнесувајќи лажни тврдења за резултатите и го обвинија противникот на Трамп, Џо Бајден, дека се обидел да ги украде изборите, пишува Би-би-си.

Текстот Руди Џулијани повеќе не е во критична состојба е превземен од МАКФАКС.