Лоиз Арбур е назначена за нова генерална гувернерка на Канада, соопшти канадскиот премиер Марк Карни. Таа ќе ја претставува британскиот монарх Чарлс Трети, кој е формален шеф на државата.

Арбур е поранешна висока комесарка на ОН за човекови права и поранешна главна обвинителка на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (ICTY) и за Руанда (ICTR). Таа ќе биде 31. генерална гувернерка на Канада и шеста жена на оваа функција.

Таа ќе ја преземе должноста ова лето, заменувајќи ја Мери Сајмон, која беше првата припадничка на домородните народи на оваа позиција.

Премиерот Карни истакна дека Арбур со децении работела на заштита на човековите права и институционална одговорност.

Арбур изјави дека ја прифаќа функцијата со чувство на должност во време на сложени предизвици за Канада.

Функцијата генерална гувернерка има претежно протоколарна улога, но е клучна за функционирањето на канадскиот парламентарен систем, вклучувајќи потпишување закони и распишување или распуштање парламент.

Текстот Поранешна обвинителка на Хашкиот суд за Југославија назначена за генерална гувернерка на Канада е превземен од МАКФАКС.