Разговорот меѓу британската кралица Камила и американската прва дама Меланија Трамп за време на државната посета на САД стана хит на социјалните мрежи, откако читачка од усни тврди дека открила што си кажале двете.
Според Никол Хикинг, која за „Дејли мејл“ ја анализирала снимката, Меланија останала збунета од израз што Камила го употребила – типично британска фраза која тешко се преведува буквално без да го изгуби значењето.
Според анализата на читачката од усни, Камила во еден момент го прокоментирала времето и рекла: „Ох, прилично е мокро“. Меланија се насмеала и одговорила: „Навистина е“.
Потоа Камила, наводно, додала: „Ќе имаме мокри задници“, по што Меланија збунето ја прашала што рекла и повторила: „Мокри задници?“
Во оригинал, според тврдењата, Камила ја употребила фразата „We’ll have soggy bottoms“ – израз кој буквално значи „ќе имаме мокри задници“, но во британската култура има и комична конотација.
Фразата „soggy bottom“ стана позната преку емисијата The Great British Bake Off, каде се користи за опис на недоволно испечено пециво со влажно дно. Со текот на времето, изразот станал дел од британскиот хумор бидејќи истовремено асоцира и на храна и на задник.
Токму тука, веројатно, настанало недоразбирањето – Камила хумористично забележала дека столиците ќе им ги намократ задниците, но употребила фраза која на Американците не им е толку вообичаена.
Иако не е официјално потврдено што точно си кажале, снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции, особено поради комичноста на разговорот среде формалниот протокол во Белата куќа.
Кралицата Камила и нејзиниот сопруг, кралот Чарлс III, престојуваат во четиридневна посета на САД, каде што домаќини им се американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга.
Вториот ден од посетата, во вторникот на 28 април, кралската двојка беше свечено пречекана во Белата куќа.
Текстот Камилa со британска шега ја збуни Меланија Трамп: Нивниот разговор стана хит на социјалните мрежи е превземен од МАКФАКС.























