МВР соопшти детали за сообраќајната несреќа што попладнево се случи на улицата Васил Ѓоргов кај ТЦ „Зебра“, кога беше удрен пешак.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во незгодата учествувале патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (54) од Скопје и пешак Л.С. (22) од селото Кондово.
Пешакот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде се констатирани телесни повреди, по што е пуштен на домашно лекување.
Од МВР информираат дека е извршен увид.
Текстот Пешакот кој беше удрен со џип кај „Зебра“ е пуштен на домашно лекување, велат од МВР е превземен од МАКФАКС.























