Додека низ Франција се шират немири, вниманието на социјалните мрежи го привлече излогот на продавницата на луксузниот бренд „Луј Витон“ во Париз, кој, според објавените информации, издржал обид за провала.
Протестите во Франција започнаа на 17 октомври поради зголемените трошоци за живот, цените на горивата и лошите услови во училиштата и универзитетите, а набрзо прераснаа во судири во повеќе градови. Бројни продавници беа оштетени и ограбени, а полицијата изврши масовни апсења. Во одредени области беше воведен и полициски час.
Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата го осуди насилството, порачувајќи дека за таквите постапки нема оправдување.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи стана вирална снимка од бутикот на „Луј Витон“ на парискиот плоштад Вандом. Според објавените информации, некој се обидел да провали во продавницата, но исклучително цврстото стакло на излогот го издржало обидот.
フランス暴動でのルイ・ヴィトン
今までの経験豊富さから対暴動用の強化ガラスを全面に装備していたため、暴徒は突破できずw https://t.co/DOakbmZ5Ic
— かみぱっぱ (@kamipapa2) Octobe 21, 2026
Снимката предизвика бројни духовити коментари.
„Ми треба врска цврста како ова стакло“, напиша еден корисник, додека друг се пошегува: „Изгледа дека архитектот на оваа продавница имал многу јасна претстава за Франција“.
„Барам ова париско стакло да се користи за екраните на следната генерација ајфони“, гласи уште еден коментар.
Друг корисник напиша: „Луј Витон порачува: Оттука нема ништо да украдете“.
Имаше и коментари дека сопствениците на луксузната продавница сега имаат уште една причина да се гордеат со својот објект.






















