Хавиер Бардем беше ѕвездата на Филмскиот фестивал во Рим. Покрај тоа што доби награда за животно дело, тој привлече големо внимание со својот неодолив шарм и изборот на облека.
Хавиер Бардем се појави на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Рим, воодушевувајќи ги сите присутни со својот изглед. За оваа посебна вечер, тој се одлучи за црн костум со класичен крој, искомбиниран со бела кошула и црна вратоврска. Комбинацијата ја заокружи со црни кожни чевли и шармот на вистински миленик на женските срца.
Дури и неговата коса, која почнала да побелува, придонесе за неговата заводлива појава.
Овој ненаметлив изглед го истакна неговото мажествено присуство и впечатливиот изглед што тешко се заборава. Со овој избор, Хавиер им покажа на многумина дека безвременската елеганција е најдобриот начин да се нагласат физичките одлики на еден човек.
Инаку, посетата на Бардем на Рим имаше посебна цел: на актерот му беше врачена награда за животно дело – признание што му го додели познатиот италијански режисер Паоло Сорентино.


















