Во СВР Скопје вчера околу 15:45 часот било пријавено дека на ул.„Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(55) од Тетово и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А.(30) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.
Текстот Тешко повреден мотоциклист по удар со возило е превземен од МАКФАКС.























