Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија не претставува закана за ниту една земја „која не планира да стане центар на антируски активности“.

Песков на прес-конференцијата изјави дека загриженоста на началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, Фабиен Мандон, дека Русија претставува закана, е „апсолутно неоснована“, пренесува ТАСС.

„Русија не претставува закана за земја која не планира да го уништи рускојазичното население и која не планира некако да ја поткопа безбедноста на Руската Федерација“, рече Песков. Тој додаде дека „Русија се стреми кон добри, меѓусебно корисни односи со сите земји“, вклучително и со европските земји, кои, како што рече, „за жал, тие сè уште целосно одбиваат каков било контакт“.

Песков оцени дека пиратските напади што неодамна се случија во меѓународни води, исто така, им наштетиле на интересите на Русија, како и дека Русија верува дека има право и сигурно ќе преземе мерки за да ги заштити своите интереси.

„Во последните месеци бевме сведоци на повеќе случаи на пиратство во меѓународни води. Овие случаи на пиратство, меѓу другото, им наштетија на економските интереси на Руската Федерација“, рече Песков во врска со ситуацијата со руските танкери во меѓународните води.

Тој, исто така, рече дека се подготвува разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и индонезискиот претседател Прабов Субианта, пренесува Танјуг.

„Можам да потврдам дека навистина се подготвуваат контакти. Се подготвуваме за преговори. Ќе издадеме соодветно соопштение навреме“, заклучи Песков.

Текстот Песков: Русија не претставува закана за ниту една земја во светот е превземен од МАКФАКС.