Трендот на „невеста без шминка“ ја зазема 2026 година и е тренд за убавина кој нагласува неутрална, дури и минимална шминка.
Иако венчаницата отсекогаш била главен настан, свадбената шминка ретко била второстепена. За многумина, тоа е единствениот ден кога дури и најпосветените минималисти за убавина се препуштаат на целосен мејкап изглед.
Но, според шминкерите, сè повеќе жени се одлучуваат за минимализам кога станува збор за свадбена шминка.
Невестите сè повеќе се одлучуваат да покажат сјајна, блескава кожа, наместо вештачки трепки, дефинирани контури на лицето и зацрвенети образи.
„Луѓето копнеат по автентичност и леснотија, особено во моментите што се навистина важни“, вели шминкерката Пати Дуброф, чија работа на свадбата на Софија Ричи е заслужна за лансирањето на естетиката на „тивок луксуз“.
Со други зборови, природниот изглед е повторно во мода, а шминката служи за малку да ги истакне природните црти.
„Свадбите повеќе не се за перформанси – тие се за присуство. Исто така, се случува и поголема културна промена. Имавме години на силно контурирање, интензивен гламур и филтри. Сега повторно им веруваме на нашите лица. Дозволуваме нашата кожа да изгледа како кожа. Дозволуваме нашите изрази на лицето и емоции да водат“, вели шминкерката и додава:
„Ова не е ново за мене – тоа е шминката што отсекогаш сум ја сакала. Шминка што истакнува, а не трансформира. Се чувствува безвременска затоа што е безвременска. Не старее ниту го одвлекува вниманието од тоа кој сте во моментот“, објаснува познатата шминкерка за британскиот Hello.
Текстот (Фото) Позната шминкерка открива „бјути“ тренд што ги освои невестите ширум светот е превземен од МАКФАКС.























