СДС и Филипче должат одговори дали нивниот врховен лидер Заев земал 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека СДС и Филипче молчат, на јавноста се повеќе и станува јасно како Заев менуваше детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака.
Дака јасно кажува дека спремен бил да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак кој тој ја купува по багателна цена, за да прерасне во бетонска џунгла од над 2 илјади станбени единици.
Овие 2 илјади станбени единици на Дака ќе му донесеа 200 милиони евра, а на Заев уште на старт би му припаднале 4 милиони евра“.
СДС, Заев и Филипче на јавноста и должат одговори, додава Петрушевски и праша каде завршиле овие 4 милиони евра.
„Дали се инвестирани во недвижнини во Дубаи, акции во индиски авиокомпании или пак за вложување во бизниси во Бугарија“.
ЈО, потенцира тој, ова мора да го истражи за правдата да биде задоволена.























