Среде криза Владата на Мицкоски преку УЈП удри директно по џебот на младите и по студентите, вели Петар Огњеновиќ, член на извршниот одбор на СДСМ.
„Наместо поддршка, им испорачува нов товар – данок за тоа малку што самите го заработиле преку програмата „Work and Travel“. Наместо да ги мотивира, власта ги казнува младите што се трудат, работат и стекнуваат искуство. Во време на економска криза, кога младите едвај се снаоѓаат и бараат начин да останат во државата, најмалку што треба да направи власта е да им помогне – а не да им зема. Бараме владата на Мицкоски веднаш да најде решение и целосно да ги ослободи студентите од овие плаќања“, истакна Огњеновиќ.
Текстот (Видео) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“ е превземен од МАКФАКС.























