Маџид Мусави, командант на Воздухопловните сили на Револуционерната гарда, остро одговори на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран ќе биде „вратен во камено доба“, нагласувајќи дека Америка ги испраќа своите војници во смрт, а не ја загрозува цивилизацијата на Иран, која трае повеќе од 6.000 години.
Мусави, во порака објавена во иранските медиуми, ја критикуваше реториката на Трамп како „холивудска илузија“ што има токсичен ефект врз американското размислување.
„Со само 250 години историја, вие се заканувате на цивилизација што постои повеќе од шест милениуми“, напиша тој.
Заканите на Трамп дојдоа за време на обраќањето до нацијата од Белата куќа, каде што американскиот претседател објави дека во следните две до три недели Америка „силно ќе го удри Иран“ и „ќе го врати во камено доба, каде што му е местото“.
Во своето обраќање, американскиот претседател потсети дека војните како што се Првата и Втората светска војна, Корејската војна, Виетнамската војна и Ирак траеле со години, но дека оваа операција треба да биде брза и успешна.
Иранскиот командант, од друга страна, истакна дека Иран е подготвен да ја брани својата цивилизација и дека ваквите закани нема да останат неодговорени, додавајќи дека Америка е таа што ги носи своите војници во смрт, а не Иран, пренесува Спутник.
Текстот Иран со одговор до Трамп: Нема да нè вратите во камено доба е превземен од МАКФАКС.























