Актерката Зендаја блесна на премиерата на филмот „Драма“, која се одржа во Париз. За таа пригода, секогаш совршено стилизираната убавица избра фустан со потпис на модната куќа Луј Витон.

Во последно време се пишува многу за приватниот живот на Зендаја, а гласините дека се омажила за Том Холанд не престануваат, сепак, таа остана верна на себе и не откри никакви детали за тоа.

За нејзиното појавување во Париз, таа избра минималистички бел фустан со гол грб, а дополнителна елеганција постигна со огромна машна што продолжуваше во уште поголем дел што се влече. Фустанот совршено ја следи линијата на телото, а Зендаја сè комплетираше со спектакуларни дијаманти.

Ова е уште едно во низата нејзини појавувања со кои наводно испраќа скриена порака до сите што прашуваат за нејзината свадба. Таа носеше бело на неколку неодамнешни настани, па многумина го толкуваат ова како потврда на сите гласини досега.

Старата фризура инспирирана од Холивуд „зачини“ сè, а Зендаја беше вистинска модна победничка во Париз.

Текстот (Видео) Кога се сврте – следеше драма: Најубавата актерка го покори Париз е превземен од МАКФАКС.