Во текот на продолжениот викенд 19/22.03.2026 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред се околу точењето на алкохол на малолетници.
Контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во три објекти затекнати се малолетници послужено со алкохолни пијалоци.
По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по член 204 од КЗ „точење алкохол на малолетници”.
Текстот Кривични пријави за три угостителски објекти во Аеродром, служеле алкохол на малолетници е превземен од МАКФАКС.























