Иранските вооружени сили започнаа нов бран напади со ракети и беспилотни летала врз Израел и неколку земји од Персискиот Залив. Во Израел, ракетите беа или пресретнати или паднаа во ненаселени области, објави рано во среда „Тајмс оф Израел“.
Иранската новинска агенција Тасним, која е блиска до Иранската револуционерна гарда, го опиша нападот како најтежок бран напади од почетокот на војната.
BREAKING:
After completing its wave of attacks on Israel, Iran is now striking 5 countries across the Middle East.
• Saudi Arabia.
• Bahrain.
• UAE.
• Kuwait.
• Iraq. pic.twitter.com/rRO48o1wyc— Current Report (@Currentreport1) March 11, 2026
Саудијците: Пресретнавме седум балистички ракети
Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека седум балистички ракети и седум беспилотни летала биле пресретнати во различни делови од земјата. Во Кувајт, Министерството за одбрана соопшти дека четири беспилотни летала биле пресретнати, додека едно се урнало на отворен терен.
Сирени за воздушен напад се огласија и во Бахреин.
Текстот (Видео) На удар: Саудиска Арабија, Кувајт, Израел… Иран: Нападнавме најсилно од почетокот на војната е превземен од МАКФАКС.























