Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека неговата влада не сака бесконечна војна со Иран и дека со Вашингтон ќе се консултира за моментот кога би завршил конфликтот.

„Ќе се консултираме со нашите американски пријатели кога ќе сметаме дека е вистинскиот момент за тоа. Не бараме бесконечна војна“, им рече Саар на новинарите во Ерусалим.

Тој не сакаше да шпекулира кога би можела да заврши војната.

Фото: Depositphotos

Текстот Израел: Не сакаме бесконечна војна со Иран е превземен од МАКФАКС.