Вчера во 15:13 часот во СВР Скопје, од Општата градска болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен П.Ѓ.(25) од Албанија.
Имено, тој пријавил дека се повредил при случена сообраќајна несреќа од пред неколку дена, но по преземени мерки, лекарите утврдиле дека тој има прострелна рана.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Текстот Албанец тврдел дека се повредил во сообраќајна несреќа, лекарите откриле прострелна рана е превземен од МАКФАКС.























