Австралиската авиокомпанија Qantas планира од следната година да воведе најдолг директен комерцијален лет во светот – помеѓу Сиднеј и Лондон.
Летот би траел повеќе од 20 часа без застанување, а патниците ќе имаат можност да видат две изгрејсонца пред слетувањето. Проектот се реализира под името „Санрајс“.
Авиокомпанијата планира и ултрадолги линии од Сиднеј до Њујорк сити, долги повеќе од 16.000 километри, со авион Airbus A350-1000ULR, кој ќе има капацитет за 238 патници.
Со оваа рута би бил надминат сегашниот рекорд на „Сингапур ерлајнс“ за летот меѓу Сингапур и Њујорк сити, кој трае нешто повеќе од 19 часа.
Според плановите, тест-летовите треба дапочнат подоцна оваа година, а првите комерцијални летови со патници би можеле да стартуваат во првата половина на 2027 година.
Текстот Нов рекорд во авијацијата: директен лет Сиднеј – Лондон долг над 20 часа е превземен од МАКФАКС.























