Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Јосиф Михајловиќ“, утре (06.03.2026, петок) без вода ќе останат дел од жителите во општина Карпош.

Како што информираат од РЦУК – Скопје, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Фото: unsplash

Текстот Во Карпош утре без вода две улици: oд 9 часот ќе се прави водоводен приклучок е превземен од МАКФАКС.