Два екстерни испита, а третиот да се трансформира во интерен испит, формирање на работна група меѓу Бирото за развој во образование во надлежнст на Министертвото за образовани и наука и Сојузот на средношколци, која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерни испити. Матурата да започне една недела подоцна, односно наместо од 29 мај, како што беше предвидено, да започне од 5 јуни. Ова се дел од решенијата за кои се согласни и Владата и Сојузот на средношколци.
– Потребно беше прилагодување на концептот на државната матура заради влијанието на пандемијата врз образованиот процес и врз основа на заедничката размена на аргументи и за нас е прифатливо се што е во нивна полза. Беше потребно да излеземе во пресрет и да го најдеме најдоброто можно решение, рече Заев, додавајќи дека нужно било државната матура да претпри измени, изјави премиерот Заев.