Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна контрола врз територијата на Гренланд, која е автономна данска територија.
Баро рече дека „не верува“ во американската воена интервенција за окупирање на Гренланд, што беше најавено како можност од американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека „ништо не може да го оправда тоа“, пренесува БФМ.
Трамп претходно изјави дека Соединетите Американски Држави сакаат да ја анектираат територијата, бидејќи Русија или Кина имаат намера да го „окупираат Гренланд“.
„Не сакаме да бидеме Американци, не сакаме да бидеме Данци, сакаме да бидеме Гренландци“, изјавија во заедничка изјава лидерите на петте гренландски партии претставени во локалниот парламент, додавајќи дека „иднината на Гренланд мора да ја одлучи народот на Гренланд“.
Текстот Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд е превземен од МАКФАКС.























