Вчера во 03:00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Ј.(34) од Виница.

Во 02:33 часот на ул.„Маршал Тито“ во Виница, тој со патничко возило „пежо 508“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 35-годишната В.Х. од с.Јакимово, виничко, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Виница. Подоцна, во 05:30 часот, додека бил во полициска станица, Б.Ј. пријавил дека во 02:30 часoт пред угостителски објект на истата улица бил физички нападнат од Д.И. од Виница.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.   

Текстот Прегазил жена во Виничко, па тврдел дека претходно бил претепан: уапсен 34-годишен маж е превземен од МАКФАКС.