Сообраќајна несреќа се случила на 27 декември попладнето во Куманово, на крстосницата од магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, во населбата Карпош.
Како што информираат од СВР Куманово, околу 16:15 часот дошло до судир меѓу патничко возило „дачиа“ со кумановски регистарски ознаки и патничко возило „сеат“ со регистарски таблички од Крива Паланка.
Во несреќата, тешки телесни повреди добила 28-годишна жена од Скопје, која била сопатничка во возилото „сеат“. Со телесни повреди биле повредени и возачот на „сеатот“, 27-годишен маж од селото Конопница, како и малолетен сопатник од истото возило.
Сите повредени биле пренесени и згрижени во Општа болница Куманово, каде што им биле констатирани повредите.
На местото на несреќата бил извршен увид од полициска екипа од СВР Куманово.
Текстот Сопатничка и малолетно дете повредени во сообраќајка во Куманово е превземен од МАКФАКС.























