Популарната македонска водителка Лила Филиповска знае како да ужива. Таа отпатува во Кападокија, Турција каде ужива гледајќи ги неверојатните пејсажи летајќи со балон.
Лила на својот Инстаграм профил се пофали дека е сместена во хотел од вистинска карпа, какви што се всушност сите таму, а тоа можете да го погледнете во нејзиното видео…
„Дури денес ми стана јасно зошто луѓето од целиот свет доаѓаат во Кападокија. Постојат многу начини да се доживее адреналин, но тврдам дека ова е еден од најубавите. Изгрејсонце на кое според легендата играат самовилите во “Долината на љубовта” нестварен поглед на чудото на природата и чувството дека лебдиш е причина ова доживување никогаш да не го заборавиш. Најбитни се временските услови. Најголем непријател ветрот“, напишаа таа покрај објавата.
„Пред две години со мојот другар не успеав да летам ама овојпат ме посака среќата. Времето беше идеално како пролет и многумина како мене уживаа. Во моментов тука има 250 балони од 25 компании а сѐ започнало со само еден балон на еден шведски брачен пар во 1991. Останатото е историја….Да , има многу причини да се посети Кападокија ама ова е една од најубавите„, напиша Лила на својот Инстаграм профил.
Таа се пофали и со неверојатната атмосфера таму…. „Едно кратко уживање во вечерната магија на најуникатната долина Кападокија“, порача Лила.