Вчера околу 19:55 часот, на патот од Битола кон граничниот премин Меџитлија, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила — „опел корса“ со битолски таблички и „фолксваген поло“ со грчки регистерски ознаки.
„Опел корсата“ ја управувала 23-годишната А.С. од Битола, додека „поло“-то го возел 30-годишниот А.Х. од Грција. Во судирот тешко се повредила 23-годишната А.С., а повредите ѝ биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од битолската полиција.
Текстот Грк учествувал во сообраќајка кај преминот Меџитлија – тешко повредена 23-годишна битолчанка е превземен од МАКФАКС.























