Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 57-годишната Р.О. од селото Длапкин Дол и против фирма со седиште во истото село, поради сомнение за бесправно градење, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата заведена во полицискиот билтен, Р.О., како управител и инвеститор, при изградба на станбена зграда во населбата „Касарна Блок 1“ во Кичево постапила спротивно на одобрението за градење издадено од општината. Наместо покрив над петтиот кат, таа неовластено изградила уште еден кат и поткровје, што не било предвидено во проектот.
Текстот Управителка на фирма во Кичево, наместо покрив, доградила дополнителен кат и потпокрив е превземен од МАКФАКС.























