Поранешна водителка на утринско ток-шоу од Мисури е обвинета дека ја избодела до смрт својата мајка на Ноќта на вештерките. По убиството, таа наводно им рекла на операторите на 911 дека го сторила тоа „за да се спаси себеси“, објавува Њујорк пост.

Настанот ги шокирал жителите на мирна населба во Вичита, Канзас, кога 47-годишната Анџелин Мок се затетеравела од својот дом облеана во крв околу 8 часот наутро во петокот.

„Жена дојде до нашето возило облеана во крв, рацете ѝ беа полни со крв, телото ѝ беше полно со крв, барајќи од нас да се јавиме на 911“, изјави соседката Алиса Кастро за локалните медиуми. Кастро додаде дека Мок потоа го зела нејзиниот телефон, се вратила во куќата и самата се јавила на 911. Наводно им рекла на операторите дека „ја избодела мајка си за да се спаси“.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, Мок ги чекала пред куќата со бројни посекотини на рацете. Внатре во домот, ја пронашле нејзината 80-годишна мајка, Анита Аверс, во несвест во кревет со повеќекратни убодни рани. Таа била итно префрлена во болница, каде што починала половина час подоцна.

Анџелин Мок била уапсена и приведена во затворот во округот Сеџвик под обвинение за убиство од прв степен. Нејзината кауција била одредена на еден милион долари. Убиената Анита Аверс била брачен и семеен терапевт, како што потврдил нејзиниот сопруг за медиумите.

Нејзината ќерка, Анџелин Мок, е позната во јавноста како поранешна водителка. Според нејзиниот профил на LinkedIn, од 2011 до 2015 година работела во KTVI Fox 2 во Сент Луис. По телевизиската кариера, таа работеше на разни работни места во продажба пред да се приклучи на компанија за управување со податоци.

Текстот Поранешната американска ТВ водителка излезе пред својата куќа облеана во крв: „Ја убив мајка ми“ е превземен од МАКФАКС.