Вчера во 11:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа 47-годишниот И.Џ. од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од 15 месеци за сторено на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супастанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
Текстот Приведен дилер од Тетово за издржување казна затвор од 15 месеци е превземен од МАКФАКС.























