Од раните утрински часови во италијанската покраина Нуоро, во тек е голема полициска операција против членови на банда која, според обвинувањата, е специјализирана за вооружени и експлозивни напади врз комбиња за транспорт на пари и банкомати.

Во операцијата беа ангажирани околу 100 полицајци, кои спроведуваат налози за притвор и претрес на неколку локации низ областа Нуора, објави „Анса“.

Јавното обвинителство на Нуора свика прес-конференција во седиштето на полицијата во 11:30 часот за да презентира дополнителни информации за операцијата и апсењата.

Повеќе детали за идентитетот на осомничените и запленетите предмети се очекува да бидат објавени подоцна.

Фото: принтскрин

Текстот Голема полициска операција во Италија против банда која ограбувала банкомати е превземен од МАКФАКС.