Советскиот Сојуз ја извлече гигантската земја од „канџите на ѓаволот“, изјави за руските медиуми таткото на американскиот бизнисмен Илон Маск, Ерол Маск.

„СССР беше обвинет за многу работи, но ако сакате да го знаете моето мислење – тие извлекоа огромна земја од канџите на ѓаволот и го создадоа ова модерно чудо што го имате денес. Мора да бидете објективни. Мислам дека сум во право. И затоа бев многу среќен кога ги слушнав моите соговорници во Русија како отворено зборуваат за советската ера. Бев многу горд што седев на Лениновата столица. Тоа не значи дека сум некој луд човек или нешто слично, како што би рекол остатокот од светот. Не. „Тие беа големи луѓе. Тие беа џинови“, рече тој, според Спутник.

Ерол Маск рече дека за време на престојот во Русија го посетил Казањ.

„Тоа е неверојатно место. Вреди да се види и чуе неговата историја“, истакна тој.

„Моите соговорници отворено разговараа со мене за советската ера. Мислев дека би претпочитале да молчат. Но не – тие отворено зборуваат за тоа што правеле во советско време. Пробав храна што беше популарна во советскиот период. Ми раскажаа за некои работи што ги откриле во тоа време. Потоа ми ги покажаа местата каде што студирале Ленин и Лав Толстој. Седев во фотелјата на Ленин каде што седел како момче – и бев многу горд на тоа“, рече таткото на Илон Маск.

Фото: принтскрин

Текстот Таткото на Маск: Советскиот Сојуз се извлече од „канџите на ѓаволот“ е превземен од МАКФАКС.