Кандидатот за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски, најави подобрување  на условите во Пензионерскиот дом во Кичево, како и и уредување на речното корито во градот бидејќи реката Сушица се наоѓа во состојба на еколошка катастрофа.

Јовановски за домот изјави дека  пензионерски дом и околината околу него е во ужасна состојба.

„Нашите родители, нашите баби и дедовци се оние кои не израснаа, кои не доведоа во состојба да функционираме самостојно и да бидеме чинители во општеството. Тие се нашиот темел.  Како градоначалник, веднаш ќе пристапам кон решавање на овој горлив проблем и итно ќе пристапам кон преземање на мерки за да се подобрат условите за живеење во моменталниов пензионерски дом“, изјави Јовановски.

Исто така, реката, за реката која поминува низ средината на Кичево, пред пензионерскиот дом, а воедно и пред општина Кичево, Јовановски најави итно решавање на проблемот.

Според гласањето во првиот круг, Јовановски освои 44,50 отсто од гласовите, односно 11,682 гласа. Зад него е актуелниот градоначалник, Фатмир Дехари од ДУИ со 21,28 отсто или 5.586 гласа. Двајцата ќе се соочат во вториот круг на 2 ноември.

Текстот Кандидатот за градоначалник на Кичево, Јовановски се залага за подобри услови во пензионерскиот дом и уредување на градското корито е превземен од МАКФАКС.