Полицијата, синоќа во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, го уапсија М.Ц.(42) од Кичево, соопшти МВР.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки. При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Текстот Уапсен жител на Кичево, возел пијан и предизвикал сообраќајна незгода е превземен од МАКФАКС.