Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.

Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Текстот Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец е превземен од МАКФАКС.