Дваесет и четиригодишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната и добивала закани од сопругот во семејниот дом на подрачјето на Бит-пазар.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен денеска во 3 часот наутро, а нападот се случил претходниот ден, околу 13 часот. Според пријавеното, нејзиниот 24-годишен сопруг ја нападнал со тврд предмет и ѝ нанел повреди, а упатувал закани и кон неа и кон нејзиното семејство.
Жената пријавила и дека претходно била психички и физички малтретирана од сопругот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


















