Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа.

Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест, Алон Охел, Омри Миран, Еитан Мор и Гај Гилбоа-Далал.

Објавата предизвика овации меѓу толпата на Плоштадот на заложниците во Тел Авив. Возилата на Црвениот крст сега ќе се упатат кон деловите од Газа под израелска контрола, каде што заложниците ќе им бидат предадени на израелските сили.

Потоа тие ќе бидат префрлени во воената база Реим во јужен Израел, каде што ќе бидат повторно обединети со своите семејства.

Текстот Хамас ги ослободи првите заложници е превземен од МАКФАКС.