Вчера во 12:10 часот на плоштад „Скендербег“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар од слобода лишија 16 – годишник од село во општина Центар Жупа. Тој се сомничи дека претходно извршил „кражба“ во продажен објект во Дебар, при што одзел пари. Во присуство на неговата мајка, извршен е службен разговор со малолетникот, а парите се пронајдени и вратени на сопственикот на објектот.

По целосно документирање на настанот, ОВР Дебар против малолетникот ќе поднесе соодветна пријава.

Текстот Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот е превземен од МАКФАКС.