Ноќеска во 01:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 20-годишниот З.М. од Струга, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од затвор.

Тој бил осуден на една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување една година од казната.

Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за доиздржување на казната.

Текстот Бегалец од затворот во Охрид уапсен во Куманово е превземен од МАКФАКС.