Вчера во 11:45 часот во полиција е пријавено дека во просториите на едно средно училиште во Кичево, 17 – годишен ученик во училиштето со остар предмет нападнал 15-годишен ученик во истото училиште и му нанел телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево.
Од напаѓачот е одземен остриот предмет и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.
Текстот 17-годишник со остар предмет нападнал ученик во средно училиште во Кичево е превземен од МАКФАКС.