Kандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, го посети Здружението на пензионери. Се сретна со нивните претставници кои имаат назаменлив придонес во изградбата на општеството.
„Оваа посета има посебно значење за мене. Не сум тука само да слушам, туку да покажам дека ветувањата се реализираат“, рече Меџити и укажа на важноста на конкретната поддршка за возрасните лица.

Во рамките на посетата, тој информираше дека Здружението на пензионери веќе користи дополнителен простор за дневни активности, како дел од заложбите оваа категорија граѓани да биде поактивно вклучена во општествениот живот.

Меџити потсети дека во текот на оваа година, поддршката од Владата за пензионерите е видлива, со зголемување на пензиите како директна мерка за подобрување на економската сигурност на повозрасните граѓани.

Од 1 октомври е реализирано ново зголемување, а со најавеното зголемување во март, пензионерите ќе добијат вкупно 7.000 денари покачување, што претставува значаен чекор кон подобрување на нивниот животен стандард.
„Грижата за пензионерите е клучен дел од мојата политичка програма. Ќе продолжиме да инвестираме во просториите, услугите и благосостојбата на пензионерите. Зашто една добра општина се мери и по тоа како се грижи за
своите највозрасни“, рече Меџити.

Текстот Грижата за пензионерите е приоритет оти дали е добра оштината се мери по тоа како се грижи за своите највозрасни, вели Меџити е превземен од МАКФАКС.