Белата куќа денес објави дека се водат „чувствителни дискусии“ за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Појасот Газа.
„Можам да ви кажам дека се водат некои многу чувствителни разговори, но секако не сакам да ги превенирам најавите од оваа говорница. Ќе им препуштам на специјалниот пратеник (Стивен) Виткоф и на претседателот на Соединетите Американски Држави да се справат со тоа“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на редовниот брифинг за медиумите, објави Ројтерс.
Висок функционер на Хамас изјави за Би-Би-Си дека палестинската група веројатно ќе го отфрли мировниот план на американскиот претседател, тврдејќи дека тој „им служи на интересите на Израел“ и „ги игнорира интересите на палестинскиот народ“.
Фото: принтскрин
Текстот Белата куќа: Се водат чувствителни разговори за предлогот на Трамп за прекин на војната во Газа е превземен од МАКФАКС.