Пејачката и актерка Аријана Гранде се појави во јавноста, а нејзиниот изглед повторно предизвика бројни реакции – овојпат, тие беа повеќе од позитивни.
Во минатото, Аријана Гранде често се соочуваше со негативни коментари за својот изглед. Иако таа во неколку наврати зборуваше за своите предизвици со менталното здравје – што влијаеше и на нејзината тежина – многумина тврдеа дека таа е „само кожа и коски“ и ја повикуваа „да престане да користи Оземпик“.
Сепак, ситуацијата сега е сосема поинаква; може да се каже дека Аријана го врати својот некогашен сјај – или, поточно, самата себе од минатото. Неодамна таа гостуваше во популарното американско шоу The To ight Show, каде што ѝ се придружија актерите Роберт де Ниро и Бен Стилер.
a ia a g a de-bute a o the to ight show https://t.co/hf7qqycvbs
— a ia ato s wildi (@a ia ato swildt) Novembe 9, 2026
Актерите беа таму за да ја промовираат претстојната комедија Focke I -Law – четвртиот дел од филмскиот серијал Meet the Pa e ts – а групата разговараше за различни теми. Сепак, вниманието на јавноста го привлекоа Аријана и нејзината нова фризура.
Таа се појави со кратка, кафена коса, исечена во „боб“ фризура до брадата, со длабок патец на страна – што за многумина беше изненадување, со оглед на тоа што нејзиното препознатливо високо опавче долго време беше нејзин заштитен знак.
Се чини дека со оваа промена, Аријана најавува суштински пресврт во својот живот. Нејзиниот нов изглед е дело на нејзиниот долгогодишен фризер, Брендон Пич, кој на Инстаграм се пошегува дека опавчето е „на пауза“.
Оваа фризура во ретро стил таа ја надополни со елегантна, целосно црна комбинација, шминка во нежни тонови и дискретни модни додатоци.
Фановите беа воодушевени од нејзиниот изглед и веднаш ја опсипаа со комплименти.
„Кралицата се врати. Изгледа одлично“, „Оваа боб фризура е фантастична; изгледа прекрасно“, „Тој ретро боб во комбинација со црна облека одлично ѝ стои“ – ова беа само дел од коментарите…



















