Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска ја посетија Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, по повод промоција на надградена хибридна сала во оваа установа, која, според надлежните, е единствена во регионот од ваков вид.
-Продолжуваме со инвестиции од инфраструктурна и техничка гледна точка. Денеска сме тука по повод надградба на хибридната сала, што е единствена хибридна операциона сала во нашата држава и пошироко во регионот. Станува збор за современа апаратура што овозможува детекција, анамнеза и интервенција, а потоа и следење на здравствената состојба на пациентот при кардиохируршките интервенции, посочи Алиу.
Со новиот компјутерски томограф, за кој се обезбедени средства од Министерството за здравство во вредност од 2 милиона евра, со најсовремени софтвери, овозможени се услови со кои нашата држава се вбројува меѓу водечките центри во оваа област. Софтверите на ангиографот и томографот се целосно комплементарни и овозможуваат највисок стандард во ендоваскуларниот третман, истакнуваат од Министертвото за здравство.
Текстот Алиу најави надградба на хибридната сала на Клиниката за државна кардиохирургија: „Единствена од ваков тип во државата и регионот“ е превземен од МАКФАКС.