По малку повеќе од 6 месеци од трагедијата во Кочани, БГНЕС ја објави сумата со која Владата на Бугарија и помогнала на Република Северна Македонија во овие тешки моменти за земјата. Вкупна вредност на помошта, според материалот на БГНЕС изнесува 1.490.765 лева или малку повеќе од 760 илјади евра, јавува Трибуна.
Хуманитарниот пакет опфатил авиомедицинска евакуација на осум лица со воен авион „Спартан“ во вредност до 70.000 лева, медицинска евакуација со специјализирано возило на шест лица во вредност од 9.300 лева, лекување на 15 пациенти во болници во Бугарија во вредност од 1.352.000 лева, како и сместување на членовите на семејствата на повредените во вредност од 59.465 лева.