На 16.09.2025 во 14:00 часот на наплатна станица „Преод“ на автопатот Скопје-Штип, полициски службеници од ОВР Свети Николе и ОВР Кочани ги лишија од слобода А.М.(26) и Б.Д.(25), двајцата од Кочани.
При преглед кај нив и во патничкото возило „сеат“ со винички регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајдени и одземени се бела грутчеста материја и пари во различни апоени.
Известен е јавен обвинител и двајцата се изведенни пред судија на претходна постапка, кој им определи мерка притвор од 30 дена, по што се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката.
Текстот 30-дневен притвор за две лица од Кочани: кај нив е пронајдена дрога е превземен од МАКФАКС.