59-годишна жена од тетовско село пријавила во полицијата дека била измамена од две лица, меѓу кои и Х.„Н“ од тетовско.
Според пријавата, во текот на 2024 година тие ја довеле во заблуда со ветување дека ќе ѝ обезбедат примање на социјална помош – надомест за туѓа нега, за што таа им платила 500 евра. Жената подготвила и цела документација, но на крајот на 2024 година добила официјално решение со кое нејзиното барање било одбиено.
Како што дополнително пријавила, таа ги известила измамниците за одбивањето, но тие продолжиле да ја убедуваат дека набргу ќе ги добие парите. По извесно време го прекинале контактот со неа, по што сфатила дека е измамена.
Случајот е пријавен во полиција, а надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на измамата.
Текстот Жена од тетовско измамена за 500 евра со лажно ветување за социјална помош е превземен од МАКФАКС.