Вчера во 11:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 41-годишниот С.М. од Белгија.

При гранична контрола и проверка, во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена марихуана и семки од растението канабис.

Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Текстот На Табановце приведен белгиски државјанин, кај него е пронајдена марихуана е превземен од МАКФАКС.