Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“.
„Документите до кои дојдовме јасно укажуваат на сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки при организацијата на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, во декември 2023 година.
Министерството за надворешни работи склучило договор вреден 56.640.000 денари за изнајмување возила за дводневна конференција. Во договорот, намерно или свесно, не било предвидено внатрешно контролно тело кое ќе потврди колку возила навистина биле користени, кој тип возила бил ангажиран и колку денови“.
Ова, според „Вреди“ отвора сомнежи за класичен модел на злоупотреба и корупција.
„Според документите, цените за изнајмување на возила биле:
• VIP автомобил: 29.000 денари на ден (без ДДВ)
• Возило од средна класа: 23.000 денари на ден (без ДДВ)
• Миниван 8+1: 19.200 денари на ден (без ДДВ)
Да споредиме: само еден месец претходно, МНР склучило друг договор со истиот оператор за редовни потреби на Министерството. Таму, истиот тип VIP автомобил чинел само 9.500 денари со возач, што е три пати пониска цена од цената што Бујар Османи ја одобрил за конференцијата.
Ова е скандалозна злоупотреба – државата плаќала трипати поскапо за исти возила, од истата компанија, во исто време“.
Како што велат од „Вреди“, не станува збор за политички напад но граѓаните мора да знаат какви се политичарите кои лажно им се претставуваат за безгрешни.
Како што нагласуваат од таму, Државниот завод за ревизија веќе има нотирано сериозни неправилности во работењето на МНР под водство на Бујар Османи и предметите се доставени до Јавното обвинителство.
„Ова е јасен доказ дека не станува збор за административни грешки, туку за системска корупција на највисоко ниво.
Имаме неколку прашања до Бујар Османи:
Кој го потврдил бројот на возила и реализацијата на договорот?
Зошто цените биле три пати повисоки за исти услуги и од ист оператор?
Кој профитирал од ваквите криминални набавки?
Бујар Османи мора да даде одговори. Ваквиот начин на работење е класичен пример на политичка корупција, расфралње и трошење на државни пари за приватни интереси“.
Текстот Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“ е превземен од МАКФАКС.