Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, 49-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека во периодот од 13:30 до 15:45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „форд“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.
Исто така вчера, во 16:15 часот во СВР Скопје, 40-годишниот Ј.Ј. од Скопје пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.
Полицијата работи на расчистување на случаите.
Текстот Од заталкани куршуми оштетени две возила на различни локации во Скопје е превземен од МАКФАКС.